Граѓанскиот сектор- невидлив работодавач

0
418

Анализата со наслов „Граѓанскиот сектор- невидлив работодавач“ се осврнува на два клучни сегменти од аспект на граѓанскиот сектор како работодавач: 1) Законската рамка во доменот на работните односи; и 2) Политиките за поттикнувањето на вработувањето со посебен акцент на активните мерки за вработување и нивната достапност за граѓанските организации како работодавачи.

Во 2014 граѓанските организации (ГО) во РМ учествувале со 0,96 % од БДП; вработиле 0,38% од вкупно вработените во земјата; потрошил 9.875.892EUR на плати и придонеси и 3.214.950EUR на хонорари и 4.716.287 EUR на договори за дела.1 Во 2013 година вкупниот број на вработени во граѓанскиот сектор во Македонија изнесувал 1.839 лица.

Snap 2016-01-26 at 23.24.30

Се дефинираат препораки за иден развој на правно-политичката рамка за поттикнување на вработувањето во граѓанскиот сектор. Препораките се наменети за законодавецот, носителите на одлуки, институциите и граѓанските организации.

Snap 2016-01-26 at 23.32.01

Препораки за граѓанските организации

 

Snap 2016-01-26 at 23.32.13

Конект ja подготви анализата на јавните политики поврзани со средината за вработување во граѓанските организации. Беа јавно презентирани резултатите од анализата, кои понатаму ќе послужат и за формулирањето на Извештајот за следењето на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2015 година што ќе го издаде Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Без коментари

LEAVE A REPLY