Гран при на Битолино за руската претстава

0
455

Гран при наградата за најдобра претстава во целина, на годинешниот Интернационален детски театарски фестивал „Битолино“, ја доби театарската претстава
Малиот принц, од театарот „На портите на Нарва“ од Санкт Петербург, Русија.
Како што соопштија организаторите на фестивалот, за наградата одлучуваше тричлено жири во состав Јавор Захиров од Бугарија, Валентина Грамосли и Никола Пројчевски.

Директорот на фестивалот Васко Мавровски истакна дека особено е горд што шестото  издание помина одлично, со многубројна публика на сите претстави, а воедно и најави дека подготовките за седмото издание на Битолино ќе започнат уште од сега и ќе се потрудат да биде уште подобро издание.

Годинешното издание започна со претставата „Моето кралство“ во изведба на Детската театарска школа „Бабец“.
На „Битолино“ беше одиграна и комичната претстава „Морскиот брег“ од компанијата „Мали задоволства“ од Брисел, Белгија. Фестивалот продолжи со работилница на тема „Невербалната комуникација во театарот“, а ја одржа актерката Јулијана Мирчевска. Потоа следуваа куклената претстава „Алибаба и разбојниците“ од Центарот АЦА театарот од Тирана, куклената претстава „Приказна за волкот“ од „Мимос марионетниот театар“ од Ереван, Ерменија, претставата „Танцот на шумата“ во продукција на Денс компанијата од Кан, Франција. Фестивалот беше затворен со претставата „Дојдовме“ од театарската школа „Бабец“.

Во трите фестивалски денови во Центарот за култура и во Народниот театар во Битола, беа изведени вкупно седум детски претстави а фестивалот годинава се одржуваше под мотото „Кога ќе пораснам, сакам да бидам мало дете“.