Гран при на Малиот битолски Монмартр за Малезија

0
147

Во Битола со голем огномет свечено беше отворено 34 -тото издание на малиот битолски Монмартр при кое беа доделени наградите од распишаниот конкурс.

Оваа година учествуваа вкупно 297 училишта,со испратени 11770 творби од кои 670 беа изложени.

Во рамките на манифестацијата беа наградени ученици од Кина, Украина, Тајланд, Чешка, Индонезија, Египет,Словачка и други.

Monmartr_-_2.jpg

Вкупно оваа година се доделија 446 награди и тоа 25 на индивидуалци учесници, 28 на колекции,143 златни палети за најдобри поединечни остварувања на изложбата, 250 дипломи .

Добитник на наградата гран при за 2015 та година се учениците на ликовното студио Јео Чуе од Малезија.

Monmartr_-_1.jpg

И оваа година фестивалот имаше два ликовни каравани во Охрид и Крушево. Освен тоа го посетија и Бабино и тоа библиотеката „Ал – Би” .

Во меѓувреме младите учесници на монмартрот сликаат низ Битола.

Свеченото затварање и прогласување на најдобрите поединци и екипи ќе биде на 30 ти мај .