Гран при-то на 16-тото издание на интернационалниот фестивал Тра-ла-ла за Езги Алас од Турција

0
654

Дваесет и едно годишната Езги Алас од Турција е добитник на Гран при наградата,на 16-тото издание на интернационалниот фестивал Тра-ла-ла, кој од 12-ти до 15-ти август се одржуваше во Битола.

-Ова е 4-ти по ред интернационален натпревар на кој учествувам а прв во Македонија.Се радувам што ја добив оваа награда особено затоа што ја претставувам Турција, земја која има одлична соработка со Македонија-истакна Езги.

Оваа година на фестивалот учествуваа 30 изведувачи од 12 земји во светот.

На гала концертот се доделија и останатите награди во неколку возрасни категории .tra la la

 

-Како организатори на фестивалот задоволни сме од овогодинешното издание и се надеваме до година на уште повеќе земји учеснички на истото-истакна Тони Алексовски, директор на фестивалот, член на жири комисија на десеттина фестивали во светот и амбасадор на детскиот мир од Светската асоцијација на фестивали и уметности WAFA.