Гран при за германскиот документарен филм на ФАДФ.Камера 300

0
2717

Меѓународното жири на 23-тиот Интернационален фестивал на аматерскиот (непрофесионален) документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“, за добитник на наградата Гран при – „Плакета Милтон Манаки“, го прогласи документарниот филм „Арефи, овчарот“ чиј автор е Даниел Асад Фаези од Германија.

Годинава на ФАДФ. „Камера 300“ се натпреваруваа 52 филмови од 11 држави во Европа.

Награди беа доделени и на словенечкиот „Мозаик“ кој ја доби златната „Камера 300“, документарецот на Валентина Илиевска „Марков бунар“ освои сребрена, а бронзената „Камера300“ му припадна на Јован Наумовски за филмот „Умина душа“.

Со одлука на фестивалското жири наградени се Петар Узуновски кој доби златен медал на УНИКА за филмот „Киното на терзијата Јонче Карамитре“, плакета за режија „Драги Савевски“ доби бугарскиот автор Владимир Илиев за филмот „Страст покрај Дунав“, плакета за репортажа доби Љупчо Петровски за филмот „За денот“, авторот на документарецот „Вујче“, Перо Кованцлиев доби плакета за идеја, а плакета за монтажа годинава е доделена на Соња Штегер од Австрија за филмот „Добро утро Кашмир“.

ФАДФ. „Камера 300“ со специјални награди-диплома ги одликуваше и авторите Ивануша Тинчек од Словенија за филмот „Одмазда“, Фрија Андерсон од Шведска за филмот „Приказни од војната“ и Спиро Борисов од Бугарија за документарецот „Спиро лотиер“

ФАДФ. „Камера 300“ се одржува со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и општина Битола која додели посебна награда за најдобра камера, а таа им припадна на Горан Поповски и Анастасија Бошкоска, автори на документарниот филм „Ковач“.

Без коментари

LEAVE A REPLY