Гран-при за Словачка на „Малиот битолски Монмартр“

Гран-при за Словачка на „Малиот битолски Монмартр“

0 449

Детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј-Битола, ги избра најдобрите творби од Меѓународниот ликовен конкурс Битола 2017, кој беше распишан во почетокот на септември 2016 а траеше до февруари 2017. На конкурсот учествуваа 275 училишта со над 10 илјади цртежи, од 28 земји од Европа и светот . Меѓународното стручно жири од вкупниот број пристигнати творби на конкурсот за 35 тата Јубилејна Меѓународна изложба на детски ликовни творби „Битола 2017“, избра 899 творби. Годинава наградата Гран при 2017 оди во Словачка, а добитник на наградата „Професор д-р. Богомил Карлаварис за животно дело, е доделена на ликовниот педагог Његош Арнаут од Власеница Р.Српска од Суботица.Вкупно доделени награди на меѓународниот конкурс се 367 награди

-Над шестотини илјади цртежи во изминативе 35 години се пристигнати на адресата на Детското ликовно студио. Дела од кои во 1995 година со над 11.000 цртежи беше отворена гинисовата изложба. Ако се знае дека досега потполно се опремени 50.000 цртежи можеме да направиме изложба долга 40 килиометри“, вели раководителот на студиото Коста Хаџиантоновски

Награди за учество на Малиот битолски Монмартр, добија 17 екипи од Словачка, Кина, Турција, Украина, Русија, Србија, Бугарија, Романија, Полска и други.

Доделени се и 23 награди за најдобра колекција Златна четка, 112 награди Златна палета за најдобри поединци, 215 дипломи за поединечни остварувања на конкурсот Битола 2017 за светската изложба.

Меѓународната изложба ќе биде отворена на 23- ти мај . Денес беа доделени и наградите на децата од малиот битолски монмартр кои со свои творби настапуваа на изложби во повеќе држави од светот .

Коментарите се затворени.