Граничниот премин Шид отворен, но не за возила со српска регистрација

0
267

Граничниот премин Шид е отворен, но не за возила со српска регистрација. Рампата на граничниот премин била крената утрово во 6. 15 часот, но и понатаму на сила е забраната за влез на возила што биле регистрирани во Србија, соопштува Авто-мото сојузот на Србија, пренесуваат српските медиуми.

Граничниот премин Шид беше затворен за сообраќај од синоча во 22. 10 часот.

Исто така, и понатаму е на сила забраната за влез на товарни возила во Хрватска на граничниот премин Батровци, освен за товарните возила што превезуваат стока што лесно се расипува.

Сите гранични премини со Унгарија се отворени. Задржувањето на патничките возила се движи во интервали од 15 до 30 минути, додека товарните возила на граничните премини Хоргош и Келебија се задржуваат повеќе часа.