Грчка протестна нота до Македонија и Србија

0
655

Грција упатила протестни ноти до Македонија и Србија во кои предупредува дека доколку двете земји не ги променат своите позиции во однос на мигрантската криза тоа ќе се одрази на билатералните односи. Во нотата, како што објавува грчкиот весник То вима, протестот повеќе се однесува на властите во Скопје кои имаат потврд став во справувањето со бегалците затоа што во последните денови речиси сосема ја затвориле границата и не пропуштаат бегалци.

Од македонското Министерство за надворешни работи не протврдуваат ниту демантираат дека вчера примиле ваква нота, а засега немна најавено ниту реакција.