Грчката полиција почнува да ги враќа бегалците во Солун и Атина

0
539

Утрово грчката полиција, без присуство на хуманитарци и новинари, почна да ја ослободува железничката пруга од бегалците и во групи да ги враќа во прифатните центри во Солун и во Атина.

Од вчера железничкиот сообраќај меѓу Солун и Скопје е во прекин откако бегалците почнаа да ги поставуваат шаторите во близина на пругата.

Неколку илјади бегалци во моментов се во кампот Сехово (Идомени) во Грција и чекаат да бидат пуштени од македонските погранични власти за да го продолжат патот кон Европа. Македонија почна да ги спроведува договорените мерки со Советот на Европа за построга контрола, селекција и регистрација на бегалците и мигрантите.

Во Атина и Солун веќе се пратени 11 автобуси со бегалци. Грчката полиција ги затвори сите приоди на три километри од кампот кај Сехово.

www.mkd.mk