Грчки земјотрес го стресе југот на Македонија

0
239

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер, што се случил на територија на соседна Грција, почувствуван е и во јужните делови од Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 16.11.2016 год., регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа во соседна Р. Грција.

„Овој земјотрес се случи во 10 часот и 15 минути со Рихтерова локална магнитуда 4.1. Истиот беше почувствуван во југоисточните делови на Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, се вели во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија./крај/со/бб