Грчки земјотрес почувствуван во јужните делови на Македонија

0
354

Земјотрес со јачина од пет степени по Рихтеровата скала во Грција, беше силно почувствуван и во Македонија, 23 минути по полноќ.

Епицентарот беше на 22 километри од Стар Дојран, каде потресот најмногу се почувствува и натера многу граѓани да ги напуштат на кратко своите домови.

Земјотресот бил почувствуван и во Валандово и Струмица со интензитет од четири до пет степени, но и во Скопје со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.