Грчкиот министер Музалас се извини затоа што го употреби уставното име на Македонија

0
443

По само неколку часа, во два часот по полноќ кабинетот на министерот за миграција на Грција Јанис Музалас ја испрати следнава писмена изјава: „Се извинувам за мојата ненамерна грешка, која не одговара на мојот став и на моите позиции за националното прашање на ФИРОМ”.

Министерот Музалас вчера на ТВ Скај зборувал за завчерашниот инцидент со илегалниот премин на илјадници мигранти од Идомени на македонска територија и нашата земја ја нарекол – Македонија.

Министерот за одбрана Панос Каменос преку Твитер веднаш побара оставка од својот колега. Тој вели дека Музалас треба да даде оставка, а не да се извини. И политичките партии веднаш реагираа на оваа изјава на министерот и бараат оставка.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY