Грчкиот потрес на берзите однесе 88 милијарди долари од богаташите

0
134

Околу 200 најбогати луѓе во светот изгубиле 88 милијарди долари поради грчката криза само во изминатите седум дена поради „движењето” на индексите на берзите по неуспехот од состанокот на еврогрупата на 24 јуни во Брисел кога грчкиот премиер остро го критикуваше ММФ.

Од вкупниот износ на таа „виртуелна” загуба, 52,3 отсто се регистрирани само во еден ден – во понеделникот на 29 јуни, наведуваат американски медиуми.

Во просек, загубите на секој милијардер се 217,5 милиони долари во период од 24 јуни до денес, пренесува Фигаро.

Дел од богаташите сепак, профитираа – најбогатиот Африканец заработи во минатиот понеделник 639,2 милиони долари.

Најголеми загуби има Шпанецот, Амансио Ортега, основач на Зара и втор најбогат човек во светот. Неговото богатство е проценето на 69,2 миллијарди долари и сега е намалено за 3,5 милијарди долари.

Бил Гејтс, најбогатиот човек во светот во еден ден (29 јуни) загуби 1,4 милијарди долари додека Ворен бафет загуби 1,6 милијарди долари, шпто е всушност сумата која Атина ја должи кон ММФ.

Поради падот на берзата во Париз и француските милијардери имаа загуби – Лилијан Бетанкур сопственичка на Лореал, финансиски е „олеснета” за 1,1 милиајрди долари.

Акциите на европските берзи вчера се опоравуваа откако Атина достави изменет предлог до кредиторите за спасување на Грција од банкрот.