Грчкиот шеф на дипломатијата во посета на Македонија

0
202

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, во среда ќе престојува во Македонија каде ќе разговара со својот домаќин шефот на македонската дипломатија Никола Поповски, по што се предвидени пленарни разговори меѓу делегациите на двете министерства.

Министерот Попоски во пресрет на посетата на Коѕијас изјави дека темата за спорот со името е неизбежна и дека двете земји се далеку од решение за спорот, но дека тоа не треба да биде пречка во градењето на подобра клима меѓу двете земји.

Грчкиот министер за надворешни работи планирано е е да оствари средба и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, а ќе биде примен и од претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов. Исто така шефот на грчката дипломатија ќе оствари средби и со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА.

Никос Коѕијас е првиот грчки министер за надворешни работи кој по една деценија доаѓа во билатерална посета на Македонија.