Грчките власти го селат кампот од Идомени во Солун

0
628

Грчките власти планираат евакуација на кампот за мигранти во Идомени, лоциран на граничниот премин кон Македонија, пренесува Радио Слободна Европа.

Според пишувањата на германски Spiegel, властите во Атина планираат вторникот утрото да ја започнат евакуацијата на овој камп, а се предвидува операцијата да трае три дена и бегалците да бидат преместени во близина на Солун, каде ќе добијат сместување и медицинска нега.

Европската унија е повторна изложена на притисок по бегалскиот бран, бидејќи стотици илјади луѓе бегаат од завојуваните и сиромашни земји од Блискиот Исток и северна Африка.

Средоземното море е една од главните транзитни рути за бегалците кои одат кон Грција од територијата на Турција. Во Идомени моментално се наоѓаат повеќе од 10 илјади бегалци, бидејќи Македонија, како и останатите земји од балканската рута, ги заостри условите за нивното транзитирање.