Грчките власти решиле за три дена да ја расчистат пругата и мигантите да ги вратат назад

0
363

Утрово грчката полиција на економските мигранти им дели летоци на неколку јазици со предупредување дека на и околу железничката пруга, каде што е импровизираниот камп на мигрантите кај Идомени, не смее да има ништо.

Во текот на ноќта кај Идомени биле дојдени повеќе од 20 автобуси за превоз на економските мигранти од Иран, Пакистан, Мароко, Алжир, Непал… до Атина, а од таму во земјите од каде што потекнуваат. Автобуси доаѓаат и од пристаништата во Атина и Солун со нови бегалци и мигранти.

Дел од мигрантите прифаќаат да бидат вратени назад, а дел велат дека по секоја цена ќе го продолжат патот кон ветените држави, земји членки на ЕУ. Тензиите меѓу мигрантите и бегалците од воените жаришта во Сирија, Авганистан и Ирак и натаму се присутни.

На економските мигранти, според одлуките на ЕУ, а кои ги спроведуваат и македонските безбедносни служби, забрането им е да бараат азил во Унијата, односно да ги преминуваат границите илегално како илјадниците бегалци кои доаѓаат од завојуваните подрачја.

 Од понеделник, на грчката граница најавено е доаѓањето на силите на ЕУ, Фронтекс.
www.mkd.mk