Греми добитникот Седрик Анриот настапи во Битола

0
352

Еден од најпознатите француски и светски џез музичари, пијанистот и композитор Седрик Анриот, настапи во кафе бар Камарите во Битола.

Професионалната музичка биографија е богата со настапи низ целиот свет, особено САД, каде доживува голема слава и со соработки со најпознатите светски џез музичари, како што се Херби Хенкок, Ди Ди Бриџвотер, Дајан Ривс и многу други. Седрик е добитник и на најпрестижната музичка награда во светот, „Греми“ за албумот на музичарката и пејачка Дајан Ривс.

Иако, неговиот главен интерес е насочен кон создавањето модерен џез, сепак е љубопитен и за комбинацијата на џезот со другите современи музички жанрови, како што е електронскиот, па дури и поп-звукот. Во Битола тој се претстави заедно со тапанарот Тим Кампанела, свирејќи фузија на електро-џез инспириран од хитовите на Кејти Пери, „Масив Атак“, па дури и „Нирвана“.