Грета од Фауст – нова премиера во Битолскиот театар

0
383

Шестата по ред премиера за оваа година, во Битолскиот театар е претставата „Грета од Фауст“, чиј автор е Луц Хибнер, а во режија на Димче Николовски.

Во претставата играат Никола Пројчевски и Сандра Грибовска.

Музиката е на групата Фолтин, сценографијата на Валентин Светозарев, а костимите на Благој Мицевски.

На 24 ти мај дел од екипата на битолскиот театар заминува во Канада, каде што на 26 мај ќе биде изиграна претставата Без паника. Потоа театарот учествува на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде по 4-те одгледани претстави селекторот Петар Темелковски ја избра претставата „Злосторство и казна“, која ќе биде одиграна на 11 ти јуни.