Гринпис активисти запалија огномет во француската нуклеарна централа

0
129

Осум екологисти провалија во француската нуклеарна централа и поставија огномет за да повикаат на подобра заштита на нуклеарниот отпад и да протестираат против зависноста на Франција од атомската енергија.

Претставниците од електраната тврдат дека упадот од страна на Гринпис не влијаел на безбедноста во фабриката во Катеном во источна Франција. Компанијата соопшти дека активистите биле уапсени осум минути по влегувањето во локалитетот и се заканиле со преземање законски мерки.

Портпаролот на Гринпис, Јаник Руселе, рече дека акцијата ги открива безбедносните ризици, бидејќи активистите достигнале до околу 100 метри до отворени базени со нуклеарен отпад. Гринпис лобира Франција да создаде специјални бункери над своите базени за отпад.

www.mkd.mk