Грипот доправа ќе напаѓа

0
410

64 случаи на заболени од грип се евидентирани во Центарот за јавно здравје за изминатава недела во Битола. На ниво на Р.Македонија од 25 извештајни единици откога почна законското групно пријавање на грип регистрирани се вкупнио 2938 лица од кои во месец октоври еведентирани се 225 лица, во ноември 431, 592 лица во месец декември а во јануари од почетокот на новата годината заклучно со третата недела регистрирани се 1612 лица . Бројот на регистрирани случаи на грип е над границата за сезонска активност , но под очекуваниот број за овај период од сезоната .

index

– Може да се констатира дека , иако сеуште ниска, активноста на вирусот на грип се зголемува , како и географската распространетост на територија на Р.Македонија, се очекува понатамошен пораст на активноста на грип во наредните недели, изјави д-р Тони Коњановски од Центарот за јавно здравје во Битола

И годинава најпогодена е возрасната група од 15 до 64 години. Со стартот на второто полугодие од школскста година најпогодени се децата на возраст од 5 до 14 години. Посебен проблем преставуваат променливите временски услови.Високите температури како што се денес се погодни за размножување на вирусите, а пак ниските придонесуваат за граѓаните полесно да се разболуваат велат од Центарот за јавно здравје.

Од Центарот за јавно здравје апелираат до граѓаниете дека доколку забележат некаков симптом кој наведува дека се работи за грип веднаш да се јават на лекар и да им се препише соодветна терапија, а не на своја рака да земаат антибиотици

Оваа година на ниво на македонија најмногу заболени од грип се регистрирани во Куманово, Струмица,Кратово и Прилеп.