Грижливо да ги чуваме силните вредности кои ни ги оставил нашиот духовен великан

0
394

Премиерот Емил Димитриев во четврток упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан по повод големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски.

„Славејќи го ликот и делото на Свети Климент, продолжува нашата традиција на народ кој умее да ги цени и почитува големите луѓе и големите дела од својата историја. Македонската историја векови наназад е испреплетена со мноштво на црковни и општествени дејци кои оставиле траен белег во сеќавањата на луѓето и трајни вредности во македонското културно издигнување. Меѓу сите нив, многу векови наназад, како еден од најпрепознатливите и најблиските до народот, останал да се памети и прославува големиот просветител Свети Климент Охридски“, се вели во честитката.

Да си спомнеме и грижливо да си ги чуваме силните вредности кои ни ги оставил нашиот духовен великан. Да одбележиме и да се инспирираме од неговиот живот, од неговиот несекојдневен дух, карактер, посветеност, трпение и љубов кон луѓето. Да се помолиме за здравје, среќа и љубов помеѓу нашите граѓани“, порачува Димитриев. /крај/со/ст