Гром повреди десет деца во Париз

0
631

Единаесет лица, од кои десет деца, се повредени во саботата од удар на гром во Париз, објавија локалните власти.

Групата деца биле во паркот Монсо во северозападниот дел од француската престолнина кога ги погодила молскавицата, изјавил Винсен Балади, заменик градоначалник на парискиот Осми арондисман.

Повредените се префрлени во болница, од нив шест се во тешка состојба, додал.

Неколку региони во Франција во саботата издадоа предупредување поради лошите временски прилики во текот на викендот, но меѓу нив не беше Париз./крај/мф/сн