Гром повреди луѓе на фестивал во Франција

0
394

Повеќе од 15 лица се повредени, од кои двајца се во тешка состојба, откако гром удри на фестивал на отворено во североисточна Франција.

Имало повеќе удари од гром во областа Азералје каде се одржува фестивалот Vieux Canal.

Меѓу повредените има две деца кои биле сместени во шатор додека траело невремето.

Жртвите се „директно погодени од громот и имаат изгореници“, велат службите.

Жена на 60-тина години и 44-годишен маж се во тешка состојба и веднаш се префрлени во болница.

Без коментари