Гром предизвикал пожар кај манастирот Св. Илија кај Слива

0
736

Југозападен плански регион.

Пожарот кај м.в.Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина го следи екипа на ШС „Лопушник“. Гори сува трева, смрека и нискостеблеста шума со помал интензитет. Регистрирани се 3 меѓусебно одделни жаришта. Догоруваат делови од предходно опожарената површина. Истата е високо на планината и непристапна за интервенција. (опш.Кичево).

На подрачјето на Македонски Брод ситуацијата со пожарите е следна:

На пожарот во атарот на с.Волче во подножјето на Сува Гора на м.в.Мрамор и м.в.Брдо како и кај Заград делувал 1 хеликоптер и истиот е локализиран.

На пожарот кај м.в.Фојник накај с.Брест интервенирале лица од ЈП „Македонски Шуми“ и 1 хеликоптер и истиот е под контрола.

 

На пожарот во селата Калуѓерец и Могилец во текот на вчерашниот ден дејствувале екипи од ТППЕ Македонски Брод и ЈП Македонски Шуми. Пожарот е локализиран.

Пожарот во с.Грешница е локализиран и истиот е под контрола на ЈП Македонски Шуми..

На пожарот од с.Близанско кон Сапатоец делувал 1 хелихоптер. Пожарот е локализиран.

На пожарот кај с.Бањиште во подножјето на планината Крчин во текот на вчерашниот ден интервенирале екипи на ТППЕ Дебар, ЈП „Македонски Шуми“ подружница Стогово – Дебар и 8 вработени во Дебарски Бањи Дебар. Пожарот е под контрола. Во текот на денешниот ден на терен ќе продолжат да дејствуваат од ШС Стогово (опш.Дебар).

Повардарски плански регион

Пожарот на отворен простор на подрачјето на с.Галиште – опш.Кавадарци од 06.08.2017 година е сеуште активен. На ден  08.08.2017 година во гаснењето на пожарот учествувале лица од ЈП МШ „Бор“ и ЈП „Комуналец“ Кавадарци како и ловочувари. Пожарот за разлика од минатите денови е со послаб интензитет. Истиот е обезбеден кон с.Галиште и кај м.в.Србиново.  Гори сува трева и трње. Попладнето интервенирал и 1 воздухоплов (опш.Кавадарци).

Пожарот кој од с.Никодин од прилепска страна навлегол на територија на опш.Чашка кај м.в.Јасеновска глава е активен. Гори нискостеблеста шума и сува трева. ШС „Бабуна“ Велес во утринските часови ќе упати нивна екипа на местото на пожарот а планирана е и интервенција од воздухопловите.

Северен (скопски) плански регион

На територијата на Град Скопје состојбата со пожарите е следна: Има активен шумски пожар помеѓу селата Никиштани и Грачани, које пријавен во касните попладневни часови во текот на вчерашниот ден. Гори ниска неквалитетна шума на тешко пристапен терен.

Пожарот кај с.Никиштани е се уште активен, но е под контрола.

Во текот на вчерашниот ден појавен шумски пожар кај населеното место Градманци, на м.в.Оријак, каде горе ниско стеблеста, зеленика и дабова шума. Пожарот е на непристапно место и во енговото гасење учествувале 2 авиони на ДЗС, екипи на ДЗС, БППЗ на град Скопје,

Пелагониски плански регион

Пожарот во атарот на селата Дрен и Смолани, во текот на вчерашниот ден е ставен под контрола, но сеуште е активен во опожарениот дел. Екипите се сеуште на терен (опш.Прилеп).

Пожарот во с.Никодин – Прилепско е сеуште активен и проширен. Истиот се движи на велешка  страна. Во гасење на пожарот во текот на вчерашниот ден се вклучени  и авионите на ДЗС (опш.Прилеп).

Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови пријавен е пожар кај манастирот Писокал – Свети Илија – м.в.Слива. Запалени се дрва од гром. На терен дејствувала екипа на ТППЕ Прилеп.

Без коментари