Грција бара нов заем од ММФ

0
196

Официјално, Грција бара нов заем од ММФ. Синоќа, нашиот јужен сосед упати официјално барање до ММФ (Меѓународниот монетарен фонд) за добивање нов заем.

Барањето се упатува во моментот кога претставници на грчката Влада во повеќе наврати повторија дека во текот на денот Атина ќе почне преговори со кредиторите за одобрување 86 милијарди евра вреден пакет помош за Грција, јави Танјуг.

Инаку, покрај тоа што Грција бара нов заем од ММФ, претставници на еврпопските кредитни институции допатуваа во Атина заради придвижување на разговорите за третиот пакет помош за Грција.

ММФ побара грчкиот товар од долгот да биде намален на одржливо ниво, но овој предлог на Фондот (кој е еден од тројката кредитори на земјата) наиде на противење на европските партнери.

Грчките преговарачи, како што пренесува Танјуг, повикувајќи се на Би Би Си, ќе се состанат со претставниците на Европската комисија, Европската централна банка и Европскиот стабилизациски механизам, а процените се дека преговорите за пакетот помош ќе тераат еден месец.

Строгата контрола на капиталот воведена во Грција кон крајот на минатиот месец, останува на сила со цел да се спречи одливот на средства од ослабнатите грчки банки.