Грција блокирана од генерален штрајк и протести поради зголемените даноци и пензиските реформи

0
383

Левичарската влада на грчкиот премиер Алексис Ципрас се соочува со првиот генерален штрајк од доаѓањето на власт во јануари, пишува Ројтерс.

Синдикатите повикаа на 24-часовен штрајк, протестирајќи против порастот на даноците и реформите на идните пензии.

Штрајкот веќе целосно ги парализира јавните служби, вклучувајќи го и сообраќајот, додека неколку десетици домашни авионски летови се откажани.

Штрајкот почна во 9.30 часот во Атина и ќе трае цел ден.

Протестот се одвива додека во Атина се наоѓаат претставници на главните кредитори – Европската комисија, Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европскиот фонд за финансиска стабилност.

Тие треба да го разгледаат спроведувањето на реформите што Грција ги вети во замена за новиот план за помош од 86 милијарди евра пред три години, склучен во јули.

 Двете влади на Алексис Ципрас веќе усвоија извесен број тешки реформи. Ципрас даде оставка на 20 август, но еден месец подоцна повторно победи на предвремените парламентарни избори.