Грција е парализирана

0
386

Грција повторно е парализирана од штрајк, пренесува Грик репорт.

Во знак на протест против понатамошните мерки за штедење, планирани од страна на владата во Атина, вработените во секторот на јавниот транспорт нема да ги извршуваат своите должности во следните два дена.

Во вторникот 48-часовен штрајк најавија и морнарите, што значи дека граѓаните кои живеат на острови  остануваат отсечени од светот.

Вработените во железницата нема да работат во вторникот меѓу 9.30-16.30 часот во знак на почит кон жртвите кои загинаа во саботата при несреќата на возот во Северна Грција.

И диспечерите од аеродромите најавија четиричасовен штрајк за в среда, од 11 до 15 часа.