Грција е принудена да го признае Косово

0
204
Признавањето на Косово е еден од условите што Грција ќе мора да ги исполни ако сака да добие помош од Западот, пишува „Блиц“, повикувајќи се на дипломатски извори.

– Треба да се случи чудо за Грција во наредните месеци, а најдоцна до една година, да не го признае Косово. Српските дипломати треба да направат сериозен потфат за Атина да се откаже од признавањето или барем да го одложи – вели анонимниот соговорник на „Блиц“.

Според истиот извор, Ципрас мора да се претстави како да води сопствена политика, иако е јасно дека на меѓународната сцена ќе мора да постапува како што ќе му наложат кредиторите. Тој вели дека еден од изговорите на Атина ќе биде наводниот гнев зашто Србија ја признала Македонија под уставното име.