Грција гради уште четири кампa за мигранти

0
310

Грчките власти ќе изградат четири кампa за мигранти и бегалци во реонот на градот Солун, на околу 80 километри од бугарската граница.

Во нив ќе бидат сместени oколу 4500 мигранти од веќе постоечките кампови во земјата.

Информацијата беше обелоденета официјално од портпаролот на агенцијата задолжена за прашањата поврзани со мигрантите и бегалците Јоргос Кирицис.

Според него Владата во Атина се надева во наредните десет дена да премести 4.500 луѓе во новите и веќе постоечките кампови.

Само во кампот во Идомени на самата граница со Република Македонија има над 10 000 лица.

Властите во Атина на неколку пати ветија дека ќе гпреси елат мигрантите од овој камп. На два пати – на 14-ти март и 10-ти април, неколку илјади луѓе од овој камп упаднаа нелегално на македонска територија.