Грција и доверителите на работ од прекин

0
263

Преговорите меѓу Грција и доверителите, ЕУ и ММФ, се на раб од прекин, по новиот неуспех на преговорите во неделата за продолжувањето на финансирањето на земјата којашто се приближува последниот рок за исплаќање на долговите.

„Грците дојдоа со рацете во џебови. Имаат само една идеја, политички преговори“, кусо коментирал за AFP извор на преговорите.

Во Атина поразот на преговорите го припишуваат на нерационалните барања на доверителите за што е одговорен Меѓународниот монетарен фонд, обвинет за „непопустливите и строги ставови“.

Оценувајќи дека грчките предлози излегуваа од рамките на зададената рамка, претставникот на ММФ, Пол Томсен, во неделата веќе не учествувал во разговорите, според добро информиран извор.

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, го подготвуваше теренот за таквото сценарио претходно во неделата во разговорот за неделникот Realnews: „Не би бил изненаден кога ММФ би инсистирал на неприфатливите ставови за коишто знае дека Грција не може да ги прифати, што би било оправдување таа институција да ги напушти преговорите“.

Челникот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер се обиде да постигне договор, откако претходната седмица повеќепати се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Најновиот круг од преговорите организиран изминатиов викенд во Брисел беше уште еден обид да се најде решение со грчкиот премиер. Преговорите ги водеа грчкиот преговарачки тим на Ципрас, шефот на кабинетот на Јункер, Мартин Селмаир и претставници на ЕСМ, фондот за поддршка на стабилноста на еврозоната.

Преговорите завршија во неделата вечерта без постигнување договор, откако не беше намалена големата разлика во ставовите на двете страни, објави Европската комисија.

Нејзиниот портпарол тврди дека грчките предлози се нецелосни и појаснува дека јазот меѓу мерките кои ги предлага Грција и барањата на нејзините кредитори достигнува од 0,5 до ѝ отсто од БДП-то или околу две милијарди евра годишно во трајните фискални мерки.

Министрите за финансии на еврозоната ќе се сретнат на 18-ти јуни во Луксембург, и овој состанок се смета за последната шанса за владата на Грција со доверителите да постигне договор по досегашните безуспешни преговарања.

Доколку и тогаш не биде постигнат договор, Грција ќе се најде на работ од банкротот и катастрофално излегување од еврозоната, што би имало ефект на потрес и за глобалната економија.