Грција и Германија изразија жалење за жртвите во Македонија

0
363

Изразуваме жалење за ужасните вести од ПЈРМ, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи на Твитер.

Сочувство до семејствата на жртвите во екстремните временски услови, се вели уште во пораката на гркото МНР.

И Амбасадата на Сојузна Република Германија ја изразува својата длабока жалост за жртвите од невремето што се случи во сабота на 6 август.

„Нашите мисли и нашето сочувство се со жртвите, повредените и нивните семејства“, се наведува во соопштението од Германската амбасада во Скопје.