Грција и кредиторите го договорија буџетскиот дефицит

0
295

Грција и меѓународните кредитори преговараат за условите на третиот пакет финансиска помош. Тие вчера ги договорија фискалните цели за примарнитот буџетски дефицит од 2016 години натаму.

Грција и кредиторите, предвидуваат примарен буџетски дефицит од 0,25 проценти од БДП во 2015 година, потоа 0,5 проценти вишок во 2016 година, 1,75 проценти во 2017 година и 3,5 проценти во 2018 година. Во глобала, целите само малку се разликуваат од претходното основно сценарио.

Инаку, Грција преговара за пакет помош во вредност од 86 милијарди евра, а договорот сака да го склучи пред да доспее плаќањето на долгот кон ЕЦБ на 20 август.