Грција и Турција уште во првата четвртина си ја завршија работата

0
945

Грција според планот, Турција многу лесно против Германија забележаа лесни победи во денешните мечеви од третото коло на Евробаскетот, играни во централниот термин од 18:00 часот. Со Калатес во врвна форма и со 4 тројки во првите две четвртини, Грција брзо го скрши отпорот на бледата Грузија и на одмор замина со + 28. Иако грузијците се вратија во мечот до -11, Јанис Антетокумбо ги „дотолчи„ за финални 68:79. Турците кои се чувствуваа како домаќини во Берлин, со половина нивни навивачи на трибините, ја „сомлеа„ Германија уште во првата четвртина (11:31). Подоцна само рутунски го приведоа мечот кон крај за триумфот од 5 разлика.

Грузија – Грција 69:79 (15:25, 7:25, 26:11, 20:18)
Шенгелија 20, Саникадзе 11 (Грузија) – Калатес 19, Антетокумбо 12 (Грција)
Германија – Турција 75:80 (11:31, 13:10, 19:19, 32:20)
Шредер 24, Новицки 15, Бензинг 13 (Германија) – Осман 17, Ерден 16, Илиајсова 15, Мухамед 15 (Турција)