Грција испрати протестна нота до Македонија

0
379

Грција испрати протестна нота до Македонија осудувајќи ги насилните инциденти со бегалците на границата. Според соопштението од грчкото Министерство за надворешни работи, грчкиот амбасадор во Македонија, Теохарис Лалакос до македонските власти упатил два демарша поради ситуацијата на Идомени.

Лалакос потенцирал дека употребата на насилство не помага да се реши проблемот со бегалците и оди против меѓународното и хуманитарното право.

„Амбасадорот Лалакос јасно и на најкатегоричен начин потенцираше дека употребата на насилство на ниеден начин не помага за решавање на бегалскиот проблем и е целосно се коси со релевантните одредби на меѓународното и хуманитарното право. Тој ги повика властите на соседната држава да одговорат соодветно на условите на ситуацијата и да покажат соодветна одговорност, воздржаност и трезвеност“, се вели во соопштението од грчкото МНР.