Грција ја плати ратата од долгот кон ММФ

0
180

Грција во понеделникот, ден пред рокот, во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја исплати ратата од долгот од речиси 750 милиони евра, соопшти грчкото министерство за финансии.

„Налогот за плаќање ММФ е извршен“, изјавил за Reuters неименуван висок функционер на министерството за финансии.

Грција овојпат го избегна банкротот, меѓутоа нејзината финансиска ситуација и натаму не е добра. Атина очекува дека министрите за финансии од еврозоната на состанокот во Брисел подоцна во понеделникот да го потврдат напредокот во преговорите за реформите, за да може да ја добие новата транша од финансиската помош.

Грција мора да крајот на јуни со доверителите да договори нова програма од реформи за да ѝ бидат исплатени преостанатите 7,2 милијарди евра од актуелниот пакет на меѓународни кредити од Европската унија и ММФ.