Грција од денеска е земја во банкро

0
184

Од денеска Грција е земја во банкрот без програма за финансиска помош, а последиците врз нејзината економија ќе бидат огромни, јави дописникот на МИА од Атина.

Атина вчера не успеа да ги плати обврските кон Меѓународниот монетарен фонд во вредност од 1,6 милијарди евра и кон Банката на Грција во вредност од 472 милиони евра, што значи двоен банкрот на долговите кон Фондот и централната банка, иако ММФ ситуацијата не ја опиша со тие зборови.
Последиците од банкротот ќе се зголемат како резултат на отсуство на програма со која ќе се обезбеди непречено функционирање на кредитниот систем за ликвидност преку Европската централна банка. Комбинацијата на двоен банкрот со крајот на програмата за финансиска помош ја соочува грчката Влада со низа проблеми, пишува „Катимерини”.