Грција почна да ги враќа мигрантите назад

0
485

Неколку стотина бегалци од Ирак, Сирија и Авганистан се заглавени на македонско-грчката граница и се надеваат дека брзо ќе влезат во Македонија за да го продолжат патот кон ЕУ. На тоа се надеваат и мигрантите од Иран, Пакистан, Јемен, Мароко, Сомалија… ама за нив, според правилата на ЕУ, нема дозвола за продолжување на патот.

Грчките власти од вчера организираат и превоз со автобуси до Атина за мигрантите. Билетот за до Атина е 20 евра. Голем дел од мигрантите немаат пари за билет и се во, навистина парадоксална ситуација – прифаќаат да се вратат назад, во државата од каде што избегале, ама сега веќе не можат. Немаат 20 евра. Неколку автобуси се вратија во Идомени токму заради тоа.

Другите велат – „ако сакате да си одиме од тука, отворете ги границите“.

На обете страни од границата забележливо е зголеменото присуство на полициски сили. д утрово грчката полиција дели летоци испечатени на нколку јазици на кои мигрантитее се предупредуваат дека во рок од трри дена мораат да го напуштат импровизираниот камп на железничката пруга кај Идомени.

www.mkd.mk