Грција преговара за трет пакет помош

0
352

Грција и нејзините  меѓународни кредитори продолжуваат да преговараат за третиот пакет помош.

Грчките министри за финансии и економија, денеска во Атина преговараа со претставниците на Европската Централна Банка, Меѓународниот Монетарен Фонд и Европскиот Стабилизационен Систем.

Станува збор за пакет во помош во вредност од 85 милијарди евра во наредните три години.

Се очекува оваа помош кредиторите да ја одобрат до 20 август.