Грција уште поскапа догодина-нови такси за туристите

0
441

Туристите во Грција следното лето ги очекува непријатна новина -Грција воведува такси за престојување за туристи.

Таксата за престојување ќе се смета како фиксен износ од ден и по соба, во зависност од видот на сместување и ќе изнесува:

-4 евра по соба дневно за хотели со 5 ѕвезди

-3 евра по соба дневно за хотели со 4 ѕвезди

-1,5 евра по соба дневно за хотели со 3 ѕвезди

-0,5 евра по соба дневно за хотели со 1-2 ѕвезди

-0,5 евра дневно за приватни соби, студија и апартмани

Таксите ќе бидат вклучени во вкупната цена на престојувањето и на гостите нема да им се наплаќа посебно.

Според пишувањата на порталот Инсајдер.гр , хотелската индустрија на Грција го смета ова наметнување за апсурдно, бидејќи туризмот е еден од ретките сектори на грчката економија кој ја издржал кризата. Грција веќе има даночни стапки за туристичките услуги во споредба со останатите конкурентни медитерански земји.

Турција применува најнизок степен на данок од 8 отсто, Кипар има данок од 9 проценти за сите хотелски услуги, а Италија и Шпанија, применуваат данок од 10 отсто.

Според неодамнешното истражување на Институтот за туристички претпријатија СЕТЕ, на 100 евра кои еден хотел од 4 ѕвезди во Грција ги добива од гостите, 33,4 евра одат на даноци и допринеси за социјално осигурување. На Кипар таа цифра е многу помала и изнесува 16.1 евро.

Поради се ова хотелите се присилени да работат со значајно пониски маржи како би ја подобриле својата конкурентност.