Грција утре избира нов владин кабинет

0
953

Грција утре избира нов владин кабинет. На вчерашните завршни митинзи, лидерот на Сириза Алексис Ципрас го повика народот да му изгласа доверба за нов силен мандат.

Изразувајќи уверување во својата победа тој нагласи дека ќе со нејзе ќе се  зацврсти стабилноста на постигнатиот договор со меѓународните кредитори и со тоа ќе им се проследи пораката и до другите европски земји кои се подложни на политиката на силно штедење.

Анкетите кои се објавуваа неколку дена пред предвремените парламентарни избори покажуваа многу мала предност на Сириза пред Нова демократија. Аналитичарите велат дека изборите ќе ги одлучат неопределените кои се 17 отсто.Нивната оценка е дека овие избори не е борба за процесот на штедење, простување на долгот или даночните олеснување.

Без коментари

LEAVE A REPLY