Грција времено го запре транспортот на мигранти од островите на копно

0
372

Грција времено го запре транспортот на мигранти и бегалци со фериботи од островите со цел да го олесни застојот на протокот на бегалци на копното, соопшти грчкиот министер за поморска трговија Теодорос Дрицас.

– Не сакаме да се создаде нерешлива ситуација на островите. Ова е само привремена мерка, изјави Дрицас за телевиизја Мега.

Грчката Влада продолжува да бара повеќе места за привремено сместување на мигрантите.

Министерот за одбрана Панос Каменос рече дека пет напуштени воени локации во северна Грција ќе се пренаменат во кампови за вкупно 4.000 лица.