Грците ја блокираа Меџитлија

0
721

Денеска од 09 до 13 часот и од 17 до 21 часот во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Македонија во Грција на граничниот премин Меџитлија поради штрајк на грчките земјоделци кои поставуваат трактори во близина на преминот Ники.

Од 10 до 12 часот на преминот „Богородица“, од страна на Здруженијата на лиценцирани такси превозници и лиценцирани автобуски превозници од Гевгелија, се одржува јавен собир на кој присуствуваат околу 70 такси возила и 12 автобуси, по што пред граничниот премин е блокиран А1 автопатот во двете насоки.