Грците ја разоткрија лагата на Ердоган

0
1361

Грчкото воено воздухопловство тврди дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во ниеден момент не го бркале авиони за време на обидот за државен удар, како што тој изјави неколку пати во интервјуа по обидот за преврат.

Ердоган изјави дека за влакно избегнал смрт бидејќи го следеле воени ловци Ф-16 под контрола на превратниците.

„Грчките радари цело време го следеа летот на турскиот претседател Ердоган, сѐ до слетувањето во Истанбул“, ги пренесуваат грчките медиуми тврдењата на грчкото воено воздухопловство.

Според нив, Ердоган во ниту еден момент не бил животно загрозен, ниту пак го следеле воени пресретнувачи.

Како што рекол висок воен извор од грчката авијација за Скај, грчкиот радар го следел летот на претседателскиот авион на Ердоган сè до моментот кога слетал во Истанбул и, како што покажуваат податоците на летот, бизнис-авионот на Реџеп Таип Ердоган „ниту бил следен од турски Ф-16, ниту бил малтретиран од ниеден друг авион“.

www.mkd.mk