Грците рекоа Охи, но не и битолчани за грчките плажи !

0
161

Актуелната економска криза во Грција не претставува пречка за битолчани кои одлучиле својот летен одмор да го поминат во некое од грчките летувалишта . По информациите во странските медиуми дека странците ги откажувале резервациите кај нас состојбата не е таква. Од ТА Теотравел велат дека досега нема откажување на резервации и аранжмани во нивната агенција

„ Досега немаме откажано резервација за летовање во Грција во нашата агенција. Се се одвива нормално и нормално си одат граѓаните на закажаните туристички дестинација, и сметам дека нема место за паника”, изјави Силвана Ујкиќ ТА Теотравел-Битола
Оние граѓани кои што се вратиле од одмор во Грција во Теотравел пренеле дека во грчките туристички места не се чувствувале никакви промени. Од ТА Теотравел со препорака до битолчани со себе само да си носат готовина.
Од ТА Теотравел велат дека и покрај се за битолчани сепак останува најпривлечна Грција за летовање, младите Закинтос а фамилијарните Олимписка ревиера. Оваа година имало интерес и за Албанија и за Турција .

Без коментари

LEAVE A REPLY