Груевски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

0
852

Премиерот Никола Груевски денеска во Њујорк најпрво ќе има обраќање пред Генералното собрание на ООН, а потоа ќе се сретне со генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун. Се очекува проблемот со името да биде дел од обраќањето и разговорите со првиот човек на ООН.

Вчера Обединетата македонска дијаспора го повика Груевски денеска на Генералното собрание да ја објави одлуката на Македонија дека се повлекува од преговорите за името.

Премиерот Груевски, за време на приемот организириран од американскиот претседател Барак Обама, ја имаше и првата неформална средба со неговиот грчки колега Алексис Ципрас. И на оваа среба било отворено прашањето за името и можноста за заедничка средба.

Ципрас во Њујорк ги повторил  старите црвени линии за спорот со името на средбата со американскиот државен секретар Џон Кери. Грчката Влада сака да се најде решение со сложено име со географска одредница за севкупна употреба изјавил, Ципрас и додал  дека и македонската страна треба да покаже иста намера.

Грчката влада од оваа средба соопштила дека Кери само ја пренел американската поддршка да се решат и спорот со името и кипарскиот проблем.

Грција не учествуваше на конференцијата против насилниот тероризам, организирана од САД, а на која Македонија учествуваше под уставното име. Ципрас во знак на револт не присуствуваше на конференцијата.