Груевски: Економијата стагнира

0
554

Економијата стагнира, нема нови инвестиции, запрена е изградбата на автопатиштата и има силен пад на градежништвото, оцени денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при посетата на Реканскиот регион.

– Изградбата на патот помеѓу Кичево и Струга е речиси целосно запрен со работа. Сериозно е намалена градежната активност на патот од Скопје кон Штип. А патот од Смоквица до Демир Капија не се пушта во употреба за да помине некое време и да може новата власт да каже дека и таа нешто направила во овие месеци. Секаде наоѓаат некакви ситни проблеми, кои што, во времето кога ние ја водевме владата ги решававме во рок и не ги замаравме луѓето со нив – изјави Груевски.

Тој додаде дека девизните резерви се намалиле за 172 милиони евра, а од друга страна, нема капитални инвестиции.

Груевски оцени дека не само што изградбата на автопатиштата е запрена, туку истото се случува и со изградбата на голем број капитални објекти.

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ го коментираше и зголемувањето на пензиите.

-Еден посто зголемување на пензиите не е зголемување на пензиите, тоа е законско усогласување со пораснатите трошоци на живот. Значи СДСМ не ги зголемува пензиите, туку го спроведува законот, бидејќи секоја година пензиите мора да се усогласат со зголемените трошоци на живот -рече Груевски.

http://plusinfo.mk

Без коментари