Груевски ги посети повредените во тетовската градска болница

0
1929
Премиерот Никола Груевски синоќа отпатува во Тетово откако градот беше зафатен од силно невреме.

Премиерот ја посети Голема Речица каде штетите од поплавите се огромни.  Тој излезе да направи увид директно од терен, поразговара со надлежните и граѓаните.

По разговорот со жителите, премиерот Груевски заминал во болницата во Тетово, каде се хоспитализирани повеќе лица погодени од поплавите.

Toj изразил сочувство до семејствата на настраданите и истакнал дека сите капацитети на државата се ставени во функција на полесно справување со последиците.

Дополнително ќе бидат направени проценки на терен и уште утре на вонредна владина седница ќе се превземат конкретни насоки за помош на погодените од силното невреме