Груевски ги предлага Спасовски и Ременски од СДСМ и Томовска за министри во неговата Влада

0
322

Денеска на пладне закажна е седница на Собранието на која, според договореното на лидерите на четирите политички партии потписнички на договорот од Пржино, ќе бидат именувани новите министри за внатрешни работи и труд и социјална политика од СДСМ.

Премиерот Грувески ги прими оставките на министрите Митко Чавков и Диме Спасов и денеска со писмо до претседателот Трајко Велјаноски ги предлага Оливер Спасовски за нов министер за внатрешни работи и Фросина Ременски, нова министерка за труд и социјална политика.

Заменици министри за информатичко општество, за финансии и за земјоделство ќе бидат Александар Кирацоски, Кире Наумов и Љупче Николовски, исто така сите од СДСМ.

За предлозите на премиерот денеска ќе расправаат пратениците.

Премиерот предлага Марта Арсовска-Томовска, досегашната заменичка на министерот Иво Ивановски кој даде оставка, да биде министерка на Министерството за информатичко општество и јавна администрација.

Без коментари

LEAVE A REPLY