Груевски го посети Тодор Петров во болница

0
695

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски синоќа го посети првиот човек на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Петров вчера беше претепан во ресторанот „Казабланка“ по поставувањето на камен-темелникот на крстот во скопската општина  Бутел. МВР соопшти дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расветлување на настанот и утврдување на инволвирани лица.

 Неофицијално, напаѓачот Беќир Исени од општина Чаир бил во ресторанот и тогаш почнала вербална расправија, по што дошло и до физичка пресметка