Груевски и Ахмети ги направија изборите на 5-ти јуни невозможни

0
364

„ Целиот овој процес Социјал-демократскиот сојуз и здружената опозиција поставија правила на принципиелност и држувење до зборот. Но истовремено испрати сериозна порака до целиот наш народ за нашата конструктивност и сериозност во заложбите на сето тоа што го создаде Пржинскиот договор. Оттука, создадовме две независни институции на којшто се радувавме сите, надевајќи се дека ќе го прошират амбиентот на демократски институции во Република Македонија. Една од тие институции е Државната изборна комисија. Ние денеска повикавме на здружување на Платформа, повеќе од СДСМ и нашата коалиција. Утре веќе ќе го имаме состанокот со коалиционите партнери и таму ќе го разгледаме истото ова прашање, но истовремено потенцирам и истакнувам дека сериозноста на институциите на којшто се радувавме и ги создадовме, а тоа се двете, СЈО и ДИК се доволен силен аргумент да внимателно изанализираме и постапиме. Истовремено , знаете дека со поднесување на оставка членовите на ДИК нема ниту каде да ја поднесат својата оставка. Целото тоа ни дава за право да внимателно изанализираме и штом ќе имаме одлуки веднаш ќе ги соопштиме“  одговори Заев на новинарско прашање, дали ќе се повлече СДСМ од ДИК.